Sign up to save your library
With an OverDrive account, you can save your favorite libraries for at-a-glance information about availability. Find out more about OverDrive accounts.
Find this title in Libby, the library reading app by OverDrive.

Search for a digital library with this title
Title found at these libraries:
Library Name | Distance |
---|---|
Loading... |
Книгата „Танц со духот," која беше предложена од повисока свест во мојот сон, е џебен прирачник за самопомош. Секој што бара повисоко духовно знаење треба да ја има оваа книга во својата лична библиотека. Енергијата што тече низ редовите на оваа книга помага брзо и ефикасно. За кратко време таа го исполнува човекот со светлосна енергија, која речиси кај сите е дефицитарна поради брзиот и неправилен начин на живот. Секој што ќе ја прочита книгата „Танц со духот" ќе најде алатка за самопомош. Мојата улога во целиот овој процес е да пренесам повисоки вистини потврдени со лично искуство, но и длабок интуитивен увид. Не, ова не е единствената и прва книга во светот која зборува на оваа тема, но секое напишано дело со духовна содржина има своја улога и цел... има своја автентична енергија која може да помогне секому, кој со искрена намера и отворено срце ќе ја прочита.
Исто така, во оваа книга, секој што го бара своето внатрешно богатство ќе ги најде алатките за да го најде истото. Секој што ќе ја прочита книгата „Танц со духот" ќе отвори нов канал за пронаоѓање на изгубениот клуч. Клучот со кој душата ги отвора божествените порти. Клучот со кој умот стигнува до небесните скали и го започнува искачувањето. Во оваа книга можете да го најдете начинот како да ја исполните вашата мисија... да ја исполните вашата цел. Оваа книга може да ви помогне да најдете мир, да ја допрете вашата суштина, да се соочите со вашите желби и да ги изберете оние кои ве водат кон подобро утре. Во оваа книга некои ќе ја најдат патеката, а некои ќе го најдат широкиот, простран пат и ќе се упатат кон вистинската дестинација. Со помош на оваа книга може да ви се откријат нови сознанија и ново знаење. Оттука па понатаму, можете да го започнете контактот со вашите духовни водачи и да започнете да ги решавате секојдневните проблеми. Да го слушнете вашиот внатрешен глас и да одите таму каде што ќе имате мир, убавина и благосостојба. Книгата „Танц со духот" е ризница на светлосни зборови ако им посветите доволно внимание и ако ги разберете правилно. Тие зборови на светлината можат да ве поврзат со Ангелот Чувар, со вашето Високо Јас и можете да научите многу повеќе отколку што се кажува во книгата.
Кој бара минимум, добива минимум!
Кој бара повеќе, добива многу повеќе!