Sign up to save your library
With an OverDrive account, you can save your favorite libraries for at-a-glance information about availability. Find out more about OverDrive accounts.
Find this title in Libby, the library reading app by OverDrive.

Search for a digital library with this title
Title found at these libraries:
Library Name | Distance |
---|---|
Loading... |
Во оваа книга се зборува за ангелите во нас, но и надвор од нас. За ангелите кои ја населуваат небесната ширина, како и длабочината на срцето кое успеало да ги разбуди. Ангелите се нашите доблести и една од најубавите креации на Создателот. Тие се тука, тие се таму. Ангелите се насекаде, а ќе ги почувствуваме и видиме само кога сме на нивна бранова должина. Тоа значи дека нашиот контакт со ангелите е загарантиран ако успееме да ја подигнеме нашата вибрација на повисоко ниво, на ниво на кое постојат тие. Кога имаме развиена емпатија кон сè што постои, кога сме способни да помагаме, секаде каде има потреба од наша помош и подршка и кога му се радуваме на животот. Тогаш ние сме на таа бранова должина каде престојуваат ангелите. Кога нашето секојдневие е ослободено од опседнатоста со материјата и материјалните добра, кога сме задоволни со она што го имаме, кога не сме во постојан страв од иднината и кога се сакаме себеси. Кога правиме сè за општо добро, а во суштина со тоа си правиме добро на себеси и сме свесни за оваа голема вистина. Кога постојано, внатре во себе разговараме со ангелите, ги замолуваме, прашуваме и бараме совет од нив. Кога му служиме на животот... кога го љубиме животот. Кога сме благодарни за секое добро и кога ја разбираме секоја неправда. Кога не сме себични и осветољубиви. Кога нашата намера е беспрекорна, а нашите дела го потврдуваат тоа. Е тогаш сме на иста линија со ангелите. Тогаш тие се нашите најголеми пријатели и најверни придружници.
Се појавуваат во разни облици... енергетски светулки, верни пријатели, драги миленичиња, учители, советници... Каде и да одиме, неколку секунди пред да стигнеме вратата сама се отвора без да молиме и преколнуваме. Кога паѓаме, паѓаме како да сме бестелесни и гравитацијата не ослободува од своите стеги. Кога не пресретнуваат непријатни случки, опасни луѓе, тогаш ангелите застануваат пред нас и ја менуваат целата слика. Ја менуваат реалноста и ја прекројуваат. И ние тоа го знаеме. Знаеме дека ангелите се во нас и околу нас. Знаеме дека сме заштитени и опкружени од нив. Но, ништо не е случајно, сè е заслужено... и радоста и тагата, и здравјето и болеста. Ако нашата намера секогаш била добра и усмерена кон доблесните ангели, тогаш и да згрешиме нема да ни биде земено за зло. Но, секако дека треба да бидеме внимателни за да не бидеме наседнати од темни ентитети и луѓе. Во овој свет претпазливоста е доблест од прв степен. Ангелиете ќе не чуваат и штитат и ќе ни шепотат. Ќе не предупредуваат кога се приближува некоја опасност, само треба да бидеме отворени за нивните пораки. Треба да научиме да ги препознаваме знаците кои тие, ангелите ги ставаат пред нас.
„Од тој момент постојано сум со своето срце, постојано го слушам шепотот на ангелите и мојот верен преведувач постојано е со мене; вибрацијата на моето срце. Да тоа, тоа е највозвишениот преведувач на сите онострани пораки; срцето е преведувач на сѐ она што се случува во нас и околу нас. Срцето ја има способноста со вибрација да ги пренесува сензибилните пораки на оностраното. Срцето е врската помеѓу овој и оној свет. Срцето е мудрецот по кого целиот свој живот трагаме. Срцето е преведувачот на сите пораки, нашите и на другите. Тоа ни ја кажува вистината за нас и за другите; тоа ги пренесува и толкува пораките кои ни ги шепотат ангелите. По оваа мудрост трагале и трагаат многумина и сите вистински трагачи ја пронашле токму во нив самите; во нивното срце, а тоа пак ете, ти било во нас, толку блиску... никаде не сме морале да отпатуваме за да ја пронајдеме мудроста на постоењето; отсекогаш таа била во нас и засекогаш ќе остане во нас."