Sign up to save your library
With an OverDrive account, you can save your favorite libraries for at-a-glance information about availability. Find out more about OverDrive accounts.
Find this title in Libby, the library reading app by OverDrive.

Search for a digital library with this title
Title found at these libraries:
Library Name | Distance |
---|---|
Loading... |
Идејата и инспирацијата за оваа книга започна да извира во моментот кога длабоко во мене почувствував контакт со друг свет, кој е многу поразличен од овој кој ни е добро познат. Често ми се случуваше и сè уште е така, да го слушнам внатрешниот глас и да му дозволам да ме води. Тој глас секогаш ме водеше на прав пат. Кога и да имав неприлика во моето секојдневие, застанував за момент и наслушнував, внатре во мене. Гласот секогаш беше тука, како да се беше вгнездил во мене без јас да знам. Но, не беше така, бидејќи години наназат работев да го достигнам тоа. И ете, се случи. Со пишување на мојата прва книга „Танц со духот" започна процесот на будење на нешто многу убаво во мене. Во тој период чувствував неограничена радост, иако околностите не беа за радување. Но, тоа беше тоа. Убавината и радоста не доаѓаат од надворешниот свет, туку од внатрешниот. Тогаш сè уште не ми беше јасно иако интуитивно беше очигледно. Но, со тек на време и со пишување на моето второ прозно дело „Шепотот на ангелите", веќе внатрешниот глас беше се поактивен и појасен. Во меѓувреме го видоа светлото на денот и две збирки поезија, а потоа повеќе години молк. Не можев да пишувам, но постојано ги обработував книгите, кои претходно ги напишав. Свесно работев на сè она што е напишано во нив. И се случи „Последниот мост", дело кое прво го опишува овој свет, а се разбира раскажувачот е мојот Ангел Чувар. Чудесно! Конечно лично се запознавме и убаво си поприкажавме. Чудесно бестелесно битие чија големина се повеќе и повеќе растеше во мене. Насекаде наоѓав негови знаци и ги собирав. Знаев дека е во мене и со мене. Тоа чудесно бестелесно битие се насели во телесна форма само да би ме подучило, покажало и помогнало да преминам во друг свет. Во светот на совршенството, во светот на визијата на вистината. Тоа не е свет на соништата, туку вистинскиот свет каде треба да пребиваат сите човечки суштества. Кога велам човечки мислам на хумани и емпатични, а не само по изглед да личат на хумани битија. Да се луѓе во секоја смисла на зборот! Е таквите наскоро ќе се преселат во тој совршен свет и вистински ќе си ја извршуваат улогата заради која се отелотвориле. Ќе ја цртаат својата мисија со својот креативен ум, со своето чисто срце и со својата добра намера. Тоа е последниот мост. Тоа е завршната мисија, завршната дестинација во оваа димензија, а потоа...
Книгата ја ставив во категорија – фикција, бидејќи засега нема друго име кое вистински ќе одговара на содржината на оваа книга. Мојот Ангел Чувар така ми кажа и јас го послушав.
Само уште да ви кажам дека понекогаш запаѓам во ниска вибрација на материјалниот свет, но брзо се будам од илузијата и чекорам понатаму. Но, секогаш му се обраќам на мојот Ангел Чувар и го замолувам да ме сочува од драми и трауми и да не ми се даваат искушенија со кои нема да можам да се носам. Ние, родените во тело, пред сè сме енергетски битија, но телесната форма ни прави големи ограничувања и мачни искушенија, па затоа без помошта на Ангелите и Вишите битија нема да можеме да го изодиме патот и да ја завршиме мисијата заради која сме се родиле. Овде патот е трновит, но излез има ако убаво го разбудиме нашиот Ангел Чувар и му ја подадеме раката да не води. А тој ќе не однесе во други светови за да разбереме зошто сме токму тука.
„Во еден миг ја преминавме границата. Влеговме во убавините на прекрасниот свет. Веднаш очите на Малина светнаа како да се скапоцени камења; како првите зраци од изгрејсонцето да поминуваа низ нејзините очи кои обојуваа со златно - сребрена боја сè што ќе погледнат. Енергетската структура кај Малина веднаш се смени. Внатре во неа сè беше видливо и некако избистрено. Јас, нејзиниот Ангел Чувар можев да ја видам во вакво...